Предупредување за цунами во Турција по вчерашниот силен земјотрес

Zemjotres Turcija
Zemjotres Turcija

По земјотресот што синоќа ја погоди Турција, Европско-медитеранскиот сеизмички центар (EMSC) предупреди на опасност од цунами.

Zito akcija 640x289px

Според прелиминарните податоци, земјотресот бил со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Agria

Епицентарот на земјотресот бил на 20 километри западно од Антакија во провинцијата Хатај и на 75 километри од сирискиот град Латакија.

„Брегот треба итно да се евакуира, бидејќи по последниот земјотрес во Хатај постои опасност од цунами.

Земјотресот предизвика паника меѓу луѓето и оштети голем број згради, а според очевидци бил почувствуван и во Египет и Либан, пренесе британската агенција Ројтерс.

Анадолија јави дека земјотресот бил почувствуван и во Јордан и Израел. Очевидци за Ројтерс изјавија дека турските спасувачки тимови проверуваат дали има повредени во последниот земјотрес.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: