Вчера на улицата „Благој Ѓорев”, пред трговски центар во Велес, возило „хјундаи” управувано од Т.М. (27) од Велес удрило во пешак З.К. (78).
„На 30.11.2021 год. во 10.00 часот на ул.„Благој Ѓорев“ пред Трговскиот центар во Велес се случила сообраќајна незгода во која автомобил „Хјундаи“ со велешки регистарски броеви управуван од Т.М.(27) од Велес возејки наназад удрил во пешак З.К.(78) од Велес која ја преминувала улицата надвор од обележан пешачки
премин“, соопштија од СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Во несреќата З.К. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес. Извршен е увид на местото на несреќата.
Можеби ќе ве интересира: