Премиерот на Србија пречекан со највисоки државни почести

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, денеска пристигна во Скопје, каде што се сретна со премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски.

Тоа е негова прва официјална посета на Северна Македонија.

Agria

По средбата на двајцата официјални претставници, планирано е потпишување на меморандум за соработка меѓу Министерството за енергетика и рударство на Северна Македонија и Србија.

„Мојата еднодневна работна посета на Република Северна Македонија ја започнав со средба со мојот домаќин, премиерот Христијан Мицкоски. Разговаравме за дополнително унапредување на билатералните односи меѓу нашите две земји и натамошно поврзување на српскиот и македонскиот народ, не само на политички, туку и на културен, економски и инфраструктурен план“, напиша Вучевиќ на својот Инстаграм профил.

Главната тема на разговорите била продлабочувањето на економската соработка, создавање нови можности за граѓаните и инвестирање во идните генерации. Според него, зајакнувањето на врските меѓу народите на Македонија и Србија ќе помогне во создавање долгорочен просперитет и стабилност.

Енергетско поврзување како приоритет

Мицкоски особено ја истакна важноста на енергетското поврзување помеѓу Македонија и Србија, при што се дискутирало за гасниот интерконектор, како и за продуктоводот кој ја поврзува Македонија со соседите.

„Зборувавме за енергетската инфраструктура, особено за изградбата на гасниот интерконектор којшто ќе ги поврзува двете земји и ќе обезбеди дополнителна опција за снабдување со гас на Централна Европа,“ додаде тој.

Мицкоски исто така спомена дека Македонија е во завршна фаза на тендерската постапка за изградба на овој проект со јужниот сосед, кој ќе ја обезбеди земјата со дополнителни извори на енергија.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: