Премиерот Заев ветува ново покачување на мининалната плата

pari denari
pari denari

Просечна плата 500 евра, а минимална плата 300 евра од 1 јануари, најави вчера од Свети Николе премиерот Зоран Заев/

Zito akcija 640x289px

„Земјоделците ни се важни, ги алоциравме субвенциите и секој пат кога е потребно дополнително интервенираме од буџетот, работниците ни се важни, ги покачивме платите и ги мотивиравме компаниите да ги зголемуваат платите, а државата ги плаќа придонесите. Минималната плата е покачена од 9.000 на 15.000 денари, просечната плата изнесува 28.744 денари, сите плати за само четири години се покачени за најмалку 100 евра, а истовремено стапката на невработеност падна на историски најниска стапка од 15,9 отсто“, рече Заев.

Agria

Заев рече дека посветено се работи лицата со попреченост да имаат и услови за функционирање, да бидат вградени во општеството и да заработуваат сами, исто така и за семејствата во социјален ризик – да примаат социјална помош со којашто ќе можат да функционираат, до моментот кога ќе се извлечат од сиромаштијата.

„Работиме да се отворат нови бизниси, да ги поддржиме постоечките бизниси да се развијат, работиме да донесеме нови инвестиции, да овозможиме постоечките инвестиции да се развијат“, порача Заев, додавајќи дека 605 компании, претежно на млади луѓе се поддржани со ФИТР со 85 милиони евра за развој сопствени бизниси.

Тој ги повика граѓаните на 17 октомври да дадат поддршка за број 12 за кандидатот Сашо Велковски и советничката листа на СДСМ и Коалицијата, затоа што, како што рече, тие се гарант дека напредокот на Свети Николе ќе продолжи и во следните четири години.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: