Пресечени неколку дрвја кај Офицерски дом во Велес

Неколку повеќегодишни дрвја од дрворедот во близина на Офицерскиот дом во Велес од утрово ги нема, откако екипи на ЈКП Дервен ги отсранија. Тоа предизвика бура од реакции кај граѓаните, кои преку социјалните мрежи прашуваа зошто дрвјата се изечени. Градоначалникот на Велес Аце Коцевски вели дека дрвјата се отстранети, откако општинската комисија задолжена за тоа, проценила дека дрвјата се стари и се опасност по граѓаните.

Zito akcija 640x289px

„Општината има комисија која врши проценка на состојбата на дрвјата кои се засадени на јавно прометни површини, во случајов како дрвореди. Надлежната комисија која е составена од стручни лица констатирала дека тие дрвја се деградирани и дека претставуваат опасност за минувачите и заради тоа е донесена одлука да бидат отстранети за да може на нивно место да се насадат нови повеќегодишни садници“, рече Аце Коцевски, градоначалник на Велес.

Agria

На сечењето на дрвјата реагираше Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Велес.

„Во моментов Велес се соочува со зголемено ниво на ПМ 10 честички во воздухот кои се над максималното дозволено ниво како и зголемено присуство на јаглероден моноксид. Наместо општината да се зафати со масовно пошумување во градот и околината и да бара решение за загадувањето, тие ги сечат и онака малкуте дрва низ градот“, велат од ОК ВМРО ДПМНЕ Велес.

Градоначалникот Коцевски вели дека тендерот за набавка на садници е завршен, но целото општинско одделение за заштитан на животна средина поради коронавирус е отсутно од работа, па откако ќе се вратат, дополнително ќе се одлучува и за есенското пошумување и за набавката на засадоќни материјали, кои есенва треба да се употребат и за локациите на кои се отстранети дрвјата, но и за други локации во Велес.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/14899/duri-83-veleshani-zarazeni-so-koronavirus-vo-edno-denonokie/