Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски свика лидерска средба за можноста да се одложат изборите во април.
Тој ги повика лидерите на сите парламентарни политички партии во земјава, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, Беса, Алтернатива и Алијанса за Албанците. Лидерската средба е закажана со една точка на дневниот ред – можност за одложување на парламентарните избори закажани на 12 април 2020, датум кој беше договорен од страна на лидерите на партиите.
Лидерската средба ќе се одржи утре на 17.03.2020, а на средбата ќе присуствуваат и претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Оливер Спасовски