Во престрелка што се случи синоќа во чајџилница на улицата „Браќа Реџепагиќ“ во скопската населба Чаир, еден човек загинал, а двајца се ранети.
Во немилиот настан Јонуз Идризи е убиен, а уште три лица се ранети во Чаир, дознава 24 Инфо. Јонуз е најстариот брат на Камбер Идризи, кој исто така беше убиен пред една година.
Идризи бил застрелан пред чајџилница во близина на супермаркетот „Принц“.
Неговиот брат Камбер,беше убиен на 13 мај лани на големиот верски празник Рамазан Бајрам. Мотивите за убиството за сега не се познати. Дали е случајност што и Јонуз е убиен на неколку дена пред Рамазан Бајрам.
Можеби ќе ве интересира: