
На 24.07.2024 во 14.25 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода А.Т.(26) од Велес.
Текстот продолжува под рекламата
„При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени марихуана, хашиш, семки од канабис, растение канабис сатива, дигитална вага и пари во различни валути и апоени“, соопштија од СВР Велес.
Текстот продолжува под рекламата
А.Т. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и против него е поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.
Можеби ќе ве интересира:
- Малолетник од велешко со мотоцикл удрил во полицаец, па се забил полициска „шкода“
- Прогласена кризна состојба од 30 дена поради пожарите во земјава
- Граѓани без вода на велешката улица „Никола Карев“, ЈКП „Дервен“ вели проблемот е зголемена потрошувачка, не дефект
- Пожар на ниска вегетација кај поранешната фабрика „Порцеланка“
- Мостот на река Вардар кај Башино село комплетно саниран и ставен целосно во функција