Претседателот на Америка, Џо Бајден, со честитка за утрешниот празник

bajden slavi pobeda

Американскиот претседател Џо Бајден, по повод утрешниот празник „Денот на независноста“, упати честитка до претседателот на државата Стево Пендарвски.

Zito akcija 640x289px

Во честиткaта упатена од американскиот Џо Бајден признава дека Северна Македонија земја дала витален придонес за безбедноста и стабилноста на регионот долго пред таа да се приклучи на Алијансата. Бајден во писмото се за заблагодари што оваа година бевме домаќини на мултинационалната вежба „Решителен удар 21″ во Центарот за воена обука „Криволак” и што повторно сме ги покажале водечките капацитети и подготвеноста на Северна Македонија.

Agria

На крајот, претседателот Бајден, вели дека посакува безбеден и среќен Ден на независноста и ни благодари за нашето долгогодишно пријателство.

Целата честитка од претседателот Бајден до претседателот Пендаровски можете да ја прочитате во продолжение:

„Почитуван господин Претседател,

Во име на американскиот народ, го честитам денот на независноста на Северна Македонија. Одбележувајќи ја оваа прилика, ние исто така ја одбележуваме 25-годишнината од нашите дипломатски односи и силното пријателство меѓу нашите две нации. Нашите земји ги обединуваат семејните и историските врски, како и нашите заеднички демократски вредности и посветеност на човековите права. Нашето партнерство ќе продолжи да им користи на нашите народи во годините што доаѓаат.

Со гордост ја поздравивме Северна Македонија како 30. сојузник на НАТО минатата година, признавајќи дека Вашата земја даде витален придонес за безбедноста и стабилноста на регионот долго пред таа да се приклучи на Алијансата. Ви благодариме што оваа година бевте домаќин на мултинационалната вежба „Решителен удар 21″ во Центарот за воена обука „Криволак” и што повторно ги покажавте водечките капацитети и подготвеноста на Северна Македонија.

Како што Вашата земја продолжува да напредува – зголемување на просперитетот за сите Ваши граѓани, подобрување на владеењето на правото, зајакнување на Вашите демократски институции – САД остануваат Ваши силни и непоколебливи поддржувачи.

Со нетрпение очекуваме да соработуваме со Северна Македонија на патот на спроведувањето на реформите што ќе ја обезбедат европската иднина на Вашата земја, вклучително и пристапувањето во Европската Унија.

Ви посакувам безбеден и среќен Ден на независноста и Ви благодарам за Вашето долгогодишно пријателство.

Со почит,

Џозеф Р. Бајден – јуниор“

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/23539/foto-vest-soobrakajna-nezgoda-kaj-hotelot-vila-zora/