
Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска ќе оствари средби со челниците на Европската Унија.
„На првиот ден од работната посета на Брисел, Пендаровски ќе оствари средби со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли и со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел.
Првата средба во денешната агенда на Пендаровски е рано наутро со комесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, а во меѓувреме се предвидени и состаноци со европратеникот и известител за Северна Македонија, Илхан Кјучук и со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и за други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак“, велат од Кабинетот на претседателот.
Претседателот претходно објави дека на виенскиот аеродром „Флаугхафен“ имал неформална средба со бугарските европратеници, Илхан Ќучук и Андреј Ковачев.
Можеби ќе ве интересира: