Претставувајќи се како директор, затвореник од затворот „Идризово“ измамил седум лица и ги оштетил за 315 илјади денари

zatvor sutka

Затвореник кој издржува казна затвор во затворот во Идризово претставувајќи се како директор на различни фирми, успеал да измами седум лица и ги оштетил за 315 илјади денари.

Zito akcija 640x289px

Полицијата соопшти дека станува збор за 34-годишен скопјанец со иницијали Б.А..

Agria

„Во периодот од 2.7.2019 до 13.2.2020, додека бил на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор ‘Идризово’ – Скопје, преку мобилен телефон лажно се претставувал како сопственик или раководител на различни фирми и лицата К.Б.(65), С.К.(47), Џ.Л.(55) од Тетово, А.Х.(36), Ј.М.(67) од Скопје, С.С.(40) од с.Џепчиште и М.Б.(62) од с.Беловиште ги довел во заблуда дека неговата фирма деловно ќе соработува со нив и од нив успеал да земе парични средства“, велат од МВР.

Со ваквото чин како што соопштија од МВР причинета е материјална штета од околу 315.000 денари.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/19704/visoki-brojki-na-novozarazeni-brojot-na-aktivni-sluchai-nadmina-750/