Во натпревар со резултатски пресврти, фудбалерите на Превалец го добија дербито на Третата фудбалска лига -Југ, против екипата на Големо Коњари со резултат 3:2.
Содржината продолжува под рекламата
Гостите први дојдоа во водство во 9 минута преку Петар Симоновски. Кристијан Маневски со два гола во 14 и 21 минута носи водство за Превалец. До крајот на првиот дел гостите израмнија со голот на Боба Ѓорчески. Дербито го реши Давид Спиридов со голот во 62 минута.
Содржината продолжува под рекламата
По четири одиграни кола Превалец се наоѓа на делба на првата позиција со екипите на Борец, Марена и Младост со по седум освоени бода. Во наредното коло Превалец гостува кај екипата на Младост Кривогаштани.
Можеби ќе ве интересира: