фудбалерите на Превалец го совладаа Башкими од село Јаболчиште со резултат 4:2, во дербито на Третата фудбалска лига – Југ. Со оваа победа Превалец го престигна Башкими на табелата.
Стефановски го отвори резултатот во 18 минута, а гостите израмнија во 30 минута преку Аљбим Јашари. Само што започна вториот дел Стефановски со својот втор гол во 49 минута повторно донесе предност за Превалец. Суарим Зеќиров израмни во 67 минута, но во следниот напад, Дукадиновски донесе предност за Превалец. Антонио Чоков во 76 минута од натпреварот го постави конечниот резултат.
По 18 одиграни кола, Превалец е на втората позиција на табелата со 35 бода, три помалку од лидерот Големо Коњари, и три повеќе од Башкими кој е трети со 32 бода. Во следното коло Превалец гостува кај екипата на Венец, додека Башкими е слободен.
