Превалец ја наполни мрежата на Ултрас

Prevalec Ultras

Фудбалерите на Превалец до врв ја наполнија мрежата на Ултрас. Во рамки на одложеното 16 коло Третата фудбалска лига – Југ, Превалец го совлада прилепскиот состав со резултат 9:0. Но разлика можеше да  биде и двоцифрена доколку судијата не го прекина овој натпревар во 64 минута поради тоа што гостинскиот тим остана само шестмина играчи во поле.

Zito akcija 640x289px

Натпреварот започна со 30 минутно задоцнување на гостинскиот тим, кој едвај да имаше собрано 11 играчи на овој натпревар. Стефановски Дејан и Спиридонов Давид постигнаа по два погодока, додека по еднаш стрелаа Јордановски Александар, Петров Павле, Драскачев Филип, Крстевски Александар и Стојанов Пеце.

Agria

По 16 одиграни кола, Превалец е третопласиран со 31 бод, четири помалку од лидерот Големо Коњари. Во следното коло, кое на програмата е веќе во недела, Превалец ќе гостува во Лажани, кај екипата на Слога.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: