Фудбалерите на Превалец не успеаја да ја продолжат победничката серија. На домашен терен на стадионот во Превалец тие одиграа нерешено со екипата на Марена 1:1, полувреме 0:0.
Содржината продолжува под рекламата
Иако домашниот состав имаше неколку стоотстотни шанси за гол, успеаја да реализираат само една. Пеце Стојанов го отвори резултатот во 57 минута за водство на домаќините, додека Дарко Нацев израмни во 70 минута.
Содржината продолжува под рекламата
На останатите натпревари Борец го совлада Росоман со 4:0, Питу Гули загуби кај Големо Коњари со 1:0, во прилепското дерби гостите ги однесоа трите бода за Лажани совладувајќи го составота на Ултрас со 1:4. Натпреварот во Градско не го дочека својот крај, откако гостите Бучин допатуваа со само осум фудбалери. До 40 минута резултатот гласеше 5:0, а гостите поради повреда останаа со само шест фудбалери во поле.
По ова коло Борец е на врвот на табелата, Превалец е шестопласиран со четири освоени бода. Во следното коло Превалец е повторно домаќин, овој пат на Големо Коњари.
Можеби ќе ве интересира: