Со гол во 90 минута од натпреварот, екипата на Превалец го совлада тимот на Питу Гули од Крушево со резултат 2:1.
Иако овој натпревар требаше да се одигра во Крушево, поради лошите временски услови, екипите ги сменија улогите. Типичен тврд и тежок третолигашки натпревар, во кој домашниот состав на Превалец повеќе ја посакуваше победата за приближување кон врвот на табелата. За Превалец стрелци беа Ангел Гаштев и Стефановски Љупче.
Со ова се стави точка на есенскиот дел во Третата фудбалска лига – Југ. Превалец ќе презими на третата позиција со 24 бода, четири помалку од водечкиот тим на Големо Коњари.