Во рамките на 24 коло од Третата македонска лига – Југ, екипата на ФК Превалец забележа убедлива победа од 8:3 против гостинскиот состав на ФК Дреново. Иако првото полувреме заврши нерешено со резултат 3:3, во вториот дел домаќините комплетно доминираа и постигнаа уште пет погодоци без да примат ниту еден.
Најистакнат поединец на натпреварот беше Пеце Стојанов, кој постигна хет-трик (3 гола), а во листата на стрелци се запишаа и Ангел Гаштев со 2 погодоци, Ристе Станковски со уште 2 и Бобан Дукадиновски со 1 гол.
Со оваа победа, ФК Превалец останува на втората позиција на табелата со 47 освоени бода. Водечка екипа во лигата останува Големо Коњари со 51 бод. За Превалец во следните кола борбата за врвот и обезбедување баржа за влез во Втората фудбалска лига.