Денес беше одржана ждребката на која беа одредени двојките за новата 2024/25 сезона во Третата фудбалска лига – Југ.
Содржината продолжува под рекламата
Според ждрепката за новиот шампионат што ќе почне на 8 септември, велешкиот преставник, екипата на Превалец во првото коло ќе игра со Бучин, на гостински терен. Вториот преставник од ОФС Велес, дебитантот во лигата екипата на Башкими од Горно Јаболчиште на домашен терен ќе ја пречека екипата на Росоман.
Содржината продолжува под рекламата
Натпреварите од првото коло ќе започнат во 15 часот. Првиот дуел на екипите од ОФС Велес, Превалец и Башкими е закажан за 6 октоври во рамките на 5 коло.
Можеби ќе ве интересира: