12 годишно дете од Велес тешко е повредено попладнево, при пад од велосипед. Несреќата се случила околу 18:45 часот, на улица Ѓорги Димитров во Велес.
Веднаш е повикана итната медицинска помош, а лекарите кај детето констатирале тешка повреда на главата.
Текстот продолжува под рекламите
– реклама –
– реклама –
„Во 18:45 часот добивме повик за дете кое паднало од велосипед на улица Ѓорги Димитров. 12-годишникот има отворена повреда на глава. Згрижено е на лице место и во бесознание е транспортирано на хирушкото одделение во велешката болница за понатамошно иследување“, рече др. Васе Пановска Поп Стефанова.
Можеби ќе ве интересира: