Пријава и од таткото на активистката Моника Ристеска

Таткото на претепаната активистка Моника Ристеска – Конопова вчера во полиција пријавил дека таа го нападнала него со тврд предмет, наведено е во полицискиот билтен.

Zito akcija 640x289px

“Вчера во 11:30 часот во полициската станица Ѓорче Петров, 65-годишниот С.Р. од Скопје пријавил дека на 26 мај околу 21:30 часот во семејниот дом на улицата Антон Чехов, по претходна расправија, бил физички нападнат со тврд предмет од неговата 31-годишна ќерка М.Р. Се преземаат мерки за расчистување на случајот”, пишува во билтенот на Министерството за внатрешни работи.

Agria

Претходно на 26 мај, Моника на социјалните мрежи споделивајки вознемирувачки фотографии со крваво лице, Моника соопшти дека е жртва на семејно насилство и дека нејзиниот татко вечерта ја нападнал со дрвен стол. Уште вечерта го пријавила во полициска станица, а се упатила и во болница каде што ѝ била укажана медицинска помош.