Вчера во спортската сала на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп, во одличен пријателски натпревар, РК Прилеп и РК Фруитленд Борец одиграа нерешено со резултат 27:27 полувреме 15:10.
Домашните ракометари на РК Прилеп покажаа солидна игра во текот на целиот натпревар, особено во првото полувреме кога успеаја да остварат предност од 15:10. Гостите од Велес во вториот дел од натпреварот успеаја целосно да се вратат и да ја неутрализираат предноста на домашниот тим.
Иако станува збор за пријателска средба, и двата тима покажаа голема желба за победа и максимална посветеност во играта. Тренерот на велешани, Владимир Глигоров може да биде задоволен од резултатот бидејќи станува збор за противник кој најверојатно ќе биде конкурент на Фруитленд Борец во плеј аутот на ракометната Супер лига.