30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

Прилепска болница: Бебињата имале знаци на премрзнување

Bebe

Две новородени близначиња починаа вчера во Прилепско како последица на премрзнување, информираа од прилепската Општа болница „Борка Талески“.

Zito akcija 640x289px

Близначињата, родени спонтано на 30 декември 2024 година во 34-та гестациска недела, биле недоносени. Првото новороденче, машко, било со родилна тежина од 1.970 грама, а второто, женско, тежело 1.780 грама. Според болницата, децата биле испишани од медицинската установа на 10 јануари на барање и со потпис на мајката, родена во 2001 година, за која ова била четврта бременост.

Agria

Во соопштението од болницата се наведува дека вчера во 10:45 часот на Одделот за детски болести било донесено женското новороденче во тешка здравствена состојба поради премрзнување. Веднаш по приемот била преземена итна медицинска интервенција – бебето било реанимирано, интубирано и дополнително затоплувано со топли ќебиња и апарати за греење. Но, и покрај сите напори, состојбата на новороденчето продолжила да се влошува, а во 13 часот било констатирано дека починало.

За машкото новороденче, од болницата изјавија дека починало во домот на семејството, исто така како резултат на премрзнување.

Јавниот обвинител Стевчо Биноски од Основното јавно обвинителство во Прилеп потврди дека е издадена наредба за обдукција на двете новороденчиња за да се утврдат точните околности и причините за нивната смрт.

Оваа трагедија ја потресе јавноста, а надлежните институции продолжуваат со истрагата за да се расветли случајот и да се утврди дали има пропусти во грижата за новороденчињата.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: