Притвор за осомничен за криумчарење злато и девизи на ГП „Богородица“

pari - evra

Притвор во траење од 30 дена определи судот за возачот на автобусот во кој пред неколку дена на граничниот премин Богородица беа пронајдени накит и девизи во вредност од 23.286.120 денари.

Zito akcija 640x289px

Осомничениот, кој е од Скопје, управувал автобус со турски регистарски ознаки.

Agria

„Осомничениот, на 16 декември, избегнувајќи ја царинската контрола преку царинската линија на граничниот премин Богородица, на излез од Република Северна Македонија, во автобус со турски регистарски ознаки, пренел непријавена стока од големи размери во вкупен износ од 23.286.120 денари. При детален преглед на автобусот, на левата страна од моторот во специјално направен бункер, биле пронајдени 11.960 грама 14-каратен златен накит спакуван во 23 пакувања, кој осомничениот не го пријавил на царинските работници, како и девизни средства – 262.500 американски долари и 154.000 евра, сите во разни апоени, спакувани во 16 пакувања“, информираа од Обвинителството.

Претходно, Царинската управа соопшти дека инспекторите при контрола на автобус откриле и заплениле 262.750 долари, 155.760 евра и 12 килограми злато и златен накит со проценета вредност од речиси 600.000 евра.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/34949/obvinitelstvoto-bara-pritvor-za-vozachot-koj-ja-usmrti-11-godishnata-magdalena-od-veles/