Обвинение против велешанец за семејно насилство врз неговата мајка

sud
sud

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес поднел Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и Загрозување на сигурноста според член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Делата ги сторил при вршење семејно насилство врз сопствената мајка.

Zito akcija 640x289px

На 17 јуни, по вербална расправија во домот, обвинетиот ја удрил мајка му со бокс во главата, па започнал да ја дави, нанесувајќи и телесни повреди – хематоми. Зел нож од кујната со кој и се заканил дека ќе ја убие.

Agria

На 19 јуни побарал од мајката да му даде пари. Откако му рекла дека нема, повторно со нож и се заканил дека ќе ја убие, со што кај неа предизвикал вознемиреност и страв.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Велес поднесе и предлог за определување мерка притвор за обвинетиот, кој што живее во истата семејна заедница со жртвата и има можност да го повторува семејното насилство. Исто така, постојат околности кои укажуваат дека тој би можел да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.

Судот го прифатил предлогот на јавниот обвинител и определи притворска мерка.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: