Обвинителството од Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против лице на возраст од 36 години, поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Во својот дом во Велес, осомничениот неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана во количина од 84,07 грама, информираа од Обвинителството.
На 19 октомври тој на две лица им продал 35 грама од дрогата за вкупен износ од 10.000 денари.
Поради опасноста осомничениот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, како и да ја попречи истрагата со влијание врз сведоците, Основното јавно обвинителство Велес предложи да му биде определена мерка притвор. Судија на претходна постапка од Основен суд Велес го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
Можеби ќе ве интересира: