На 29.03.2022 од страна на полициските службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, СВР Велес – ОВР Кавадарци, по насока од Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, извршени се претреси на 8 локации во Кавадарци и Неготино, при што лишени се од слобода 12 лица кои се занимавале со продажба на наркотични дроги.
Имено, во текот на март оваа година Н.Н.(30) од Кавадарци организирал криминална група на препродавачи на марихуана и кокаин на подрачјето на Кавадарци и Неготино, при што тој ја набавувал наркотичната дрога, ја препакувал и организирал мрежа за продажба.
Содржината продолжува под рекламата
На 29.03.2022 во утринските часови извршен е претрес во домот на Ж.С.(33) во с.Ваташа при што биле пронајдени 39 куршуми за автоматска пушка, пакувања со марихуана, кокаин и вага, а при претрес во објект надвор од селото, сопственост на неговите родители, пронајден е куфер со 5 големи пакувања со марихуана. На лице место се затекнати Ј.Т.(27) од Кавадарци и Л.И.(25) од Неготино, кои по инструкции на Н.Н. требало дрогата скриена во објектот да ја подигнат и скријат на друго место.
Содржината продолжува под рекламата
Во непосредна близина на објектот запрено е патничко возило „ауди А6“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(48) од Кавадарци, во кое како совозач бил Н.Н., кои имале задача да вршат обезбедување на местото. По лишувањето на сите 12 инволвирани лица, се извршиле претреси и кај Р.Н.(22) и С.А.(24), во Неготино, како и кај В.Д.(31) и А.С.(25) во Кавадарци, при што се пронајдени пакувања со кокаин, ваги и опиум и дополнителни докази за извршено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, соопшти Сузана Прањиќ Талевска, портпарол на МВР.
При претресите се запленети и четири возила, а по извршеното вештачење на пронајдената дрога утврдено е дека станува збор за марихуана со тежина од над 6 килограми, вкупна вредност од 15.000 евра и во текот на денот ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава по член 215 став 3 и член 396 од Кривичниот законик.
Можеби ќе ве интересира: