Продолжи судењето за убиството на Вања и Панче: Сведочеше полициски службеник од Велес

Главнообвинетиот за киднапирањата и убиствата  на Панче Жежовски и 14-годишната Вања Ѓорчевска, Љупчо Палевски – Палчо, на денешното судење во своја одбрана го имаше повикано да сведочи еден од инспекторите од Велес кои работеле на пронаоѓање на Жежовски.

Zito akcija 640x289px

Палевски, инспекторот од Велес го испрашувал за претресот на куќата на сообвинетиот Боре Видевски од Велес, при што Палевски посевен акцет дава на  оружјето, муницијата и дозволите за оружјето што од тој дом, т.е. откај неговата сопруга биле одземени.

Agria

„Бидејќи кажавте дека од домот на Боре Видевски, т.е откај сопругата Јасминка Видевска сте одзеле пушка, патрони за пушката и дозволи за пиштол ‘зброевка’, и сте го констатирале тоа во одземени предмети, зошто тие понатаму не сте ги дале во истрагата?”, прашува Палевски.

Покрај Палевски и Видевски, со различни обвиненија се обвинети  и Велибор Манев и Влатко Кешишев, а таткото на убиеното девојче Вања, Александар Ѓорчевски, обвинет е дека им дал информации кога таа излегувала наутро за на училиште.

Тројцата обвинети, Видевски, Манев и Кешишев пред судот дадоа исти детали и сите тројца го обвинија Палески за главен организатор на операциите и убиствата на Жежовски и Ѓорчевска.

На ваквите обвинивања Палевски возвратил со прашање што се случило со оружјето, муницијата и дозволите за пушката и за пиштолот, на што сведокот одговори дел било постапено според закон и веднап била отворена постапка за трајно одземање на оружјето и на дозволите за поседување.

Како резултат на одговорот на сведокот, од страна на Палевски е поставено дополнително прашање зошто оружјето не е одземено пред да бидат телата пронајдени, туку постапката е започната откако телата се пронајдени, за што доби одговор од службеното лице дека биле извршени претреси но пиштол не бил пронајдено.

„Беа извршени претреси, пиштол не беше пронајден. Натаму, сите наредби ги добивавме од Обвинителството. Обвинителката Славица Р. беше усно известена дека недостасува еден пиштол”, одговори сведокот, како и дека усно испратил известување до СВР Скопје дека оружје не било пронајдено.

По ова ќе следуваат изведување на материјални докази од страна на одбраната на Палевски.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: