Продолжува полицискиот час, можни се нови рестриктивни мерки

Policiski cas 27.03.2020

Полицискиот час воведен на 10 март од 22 до 05 часот, продолжува и во следните две недели. Оваа одлука беше донесена вчера.

Zito akcija 640x289px

Oдлуката да продолжи ваквата рестриктивна мерка денеска треба да ја достави Комисијата за заразни болести, но министерот за здравство, Венко Филипче не ја исклучува ниту можноста во текот на наредните денови да предложат  и дополнителни рестриктивни мерки заради актуелната епидемиолошка слика.

Agria

Забраната за движење на населението во временски период од 22 часот до 5 часот наутро беше воведена на 10 март. Угостителските објекти работат до 21 часот.

Ако се влоши состојбата и се зголемат хоспитализациите, можно е кратење на работното време на угостителите.

Вкупната бројка на лицасо коронавирусот во Македонија земја од почетокот на епидемијата изнесува 119.378, бројката на оздравени пациенти е 100.774, на починати е 3.473, а бројот на активни случаи изнесува 15.131.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/19375/videoprivedeni-dvajcza-dileri-so-200-kg-marihuana-kaj-rosoman/