Прогласен ден на жалост, знамињата ќе бидат на половина копје

veles mladinski

Владата на вчерашната вонредна седница донесе одлука со којашто денешниот ден, 13-ти февруари, понеделник, е прогласен за Ден на жалост на Република Македонија, соопшти владината прес служба.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„Одлуката е донесена како израз на солидарност и почит за големиот број загубени човечки животи предизвикани од катастрофалниот земјотрес што се случи во Република Турција и во Арапската Република Сирија, на 6-ти февруари 2023 година. За време на денешниот Ден на жалост, знамето на Македонија, ќе биде истакнато на половина копје, во нашата држава и пред дипломатско-конзуларните претставништва во странство“, соопштија од Владата.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

На почетокот на владината седница беше оддадена почит за жртвите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија. Владата изразува длабоко сочувство за загубите, до целиот турски народ и до блиските на настраданите во земјотресот во Турција и во Сирија, соопшти владината прес служба.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/36042/pobeda-go-sovlada-borecz-na-kontrolen-natprevar/