Прогласена кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија на територија на цела држава

zgrada na vlada na rsm

Владата на Република Северна Македонија, вчера, ја одржа 74-тата седница, на која донесе одлуки за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје и во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Република Северна Македонија.

Zito akcija 640x289px

Првата Одлука се донесе заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.

Agria

Додека втората се донесе заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија.

Двете одлуки се донесени на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и ќе отпочне да се применуваат од 1 септември 2022 година.

Постоењето на кризната состојба во снабдувањето со електрична енергија и на топлинската енергија ќе трае 30 дена од денот на отпочнувањето на примена на овие одлуки.

Со денот на отпочнувањето на примена на овие одлуки, Комисијата за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија и за следење на состојбите со снабдување со топлинска енергија постојано ја следи, анализира и проценува состојба на пазарите на електрична и топлинска енергија и предлага мерки согласно уредбите кои ги регулираат критериумите и условите за прогласување на кризна состојба.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/32356/veleshanecz-so-traktor-pregazil-policzajczi-potoa-i-gi-tepal/