Пролетниот дел на Општинската фудбалска лига – Велес ќе започне на 22 март. Претходната недела во просториите на ОФС Велес ќе се изврши влечење за Куп натпреварите.
Во натпреварите од 10 коло ќе се сретнат Младост – Врановци, Бузалково – Чашка, Тим Локомотива – Форца Нова, екипите на Тополка и Горски ова коло се слободни
По девет одиграни кола, екипата на Горски е есенски првак и е единствена екипа без пораз со 17 освоени бода. Веднаш зад Горски е екипата на Тополка со 16 освоени бода.