Променливо облачно со локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, од изутрина со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег што ќе ја зголеми снежната покривка. Претежно во западните и северните делови повремен снег ќе паѓа и на повисоките места, информираат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието северозападен, а во западните делови западен ветер, кој наместа повремено ќе засилува.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 5 до 12 Целзиусови степени.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во Велес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На повисоките места во регионот ќе паѓа повремен снег. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 6 Целзиусови степени.

Можеби ќе ве интересира: