Променливо облачно, со појава на магла

Veles Juli 2023 oblacno

Променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта во северозападните делови ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Во Велес претежно облачно со појава на магла и со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Голема промена на времето во Македонија ќе имаме во сабота, тогаш поради спуштање на поларниот вртлог до југ, над јужен Јадран ќе дојде до формирање на секундарен силен циклон кој во Македонија ќе условува најпрвин обилни врнежи од дожд (локално ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог). 

Најпрвин на повисоките места и на планините, а попладнето и вечерта и насекаде во Македонија врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и тие ќе бидат проследени со засилен до силен ветер од северен правец, температурите значително ќе се намалат.

Можеби ќе ве интересира: