Променливо облачно со повремен локален дожд

Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со појава на магла и ниска облачност по котлините во претпладневните часови, а попладне и кон крајот на денот ќе има услови за повремен локален дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи во интервал од еден до осум Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од осум до 17 степени.

Agria

Во Велес се очекува слично време, променливо облачно со повремен дожд во текот на денот и слаб до умерен ветер кој претежно ќе дува од северен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 15 Целзиусови степени.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: