Стрип центар на Македонија Велес на 06.07.2023 г (четврток) во Охрид во 19 ќе одржи
промоција на стрип книгата „АВАНТУРИТЕ НА КИКО И ВЕКИ’ на Јордан Манасијески.
Содржината продолжува под рекламата
Се работи за издание на Стрип центарот на Македонија-Велес во склоп на Годишната програма
на Министерството за култура на Македонија за 2023 (сектор издаваштво).
Содржината продолжува под рекламата
Промоцијата на оваа стрип книга ќе се одржи во Културен информативен центар КИЦ
„КУЛТУРА 365“ Охрид во стариот дел на градот.
Континуирано од 1981 г се претставува како автор на стриповите „КИКО И ВЕКИ И
ВСЕЛЕНСКИТЕ ГУСАРИ“ што конечно сега излегува како посебно издание.
Авторот е роден 1948 во Охрид и завршил Ликовна педагошка академија во Скопје. Целиот
свој работен век го поминува во својот роден град. За своето творештво е добитник на
највисокото признание на град Охрид.
Можеби ќе ве интересира: