Вчера, во Медијатеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев “ Велес, се одржа средба со најчитаниот писател Горјан Петревски. Повод беше промоцијата на неговиот најнов роман „Името ми е Вивиен Ли”, како и промоцијата на романот „Задоцнетите писма на Споменка” во Брајово писмо. Средбата ја отвори директорката на Библиотеката Стефани Андреевска.
Содржината продолжува под рекламата
Преку презентација присутните се запознаа со животот и делото на авторот. Романот „Името ми е Вивиен Ли” го промовираше писателката Наташа Брезовска-Богоевска. Во присуство на претседателката на Здружението на слепите лица од Општина Велес, Јадранка Лазаровска, книгата „Задоцнетите писма на Споменка” изработена со Брајово писмо беше промовирана од Тони Пајдаков.
Содржината продолжува под рекламата
На средбата присуствуваа ученици од училиштето „Св. Кирил и Методиј” со менторката Анита Мирчева кои не почестија со драмски изведби базирани на романите од авторот. Посебен сјај на средбата ѝ дадоа изведбите на членовите на Балетското студио „Анабела“ со менторката Цеца Пајдакова. Како и секогаш авторот срдечно одговараше на поставените прашања од учениците.
Можеби ќе ве интересира: