
Синоќа во 22 часот, во близина на село Дуброво кај градската депонија Неготино, било пронајдено безживотно тело на млад маж.
Според СВР Велес, неговата возраст се проценува на околу 25 до 30 години, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.
Содржината продолжува под рекламата
Починатото лице било пронајдено од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово. Телото на починатиот е предадено на обдукција.
Можеби ќе ве интересира: