Пронајдени двајца мигранти во камион со велешки регистарски ознаки

Migranti Stip

Цариник во тетовскиот царински терминал открил двајца мигранти во камион со велешки регистарски ознаки, по што ги пријавил во полицијата. Двајцата мигранти се приведени и спроведени во Транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Zito akcija 640x289px

„Вчера  околу 9:10 часот, вработен во Царинскиот терминал во Tетово во СВР Тетово пријавил дека во товарно моторно возило „даф“ со велешки регистарски ознаки, кое пристигнало од Турција, биле пронајдени двајца мигранти од Авганистан. Двајцата мигранти, Г.С.(20) и В.Х.(26) се приведени и задржани во Полициската станица Тетово за натамошна постапка“,  информираат од МВР.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Подоцна, како што посочија, двајцата мигранти биле спроведени во Транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/29321/izdavachkata-kuka-sakam-knigi-ke-gostuva-vo-lokalnata-biblioteka/