Просечната нето плата во април изнесува 36.134 денари и е зголемена за 14,6 проценти во однос на истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Содржината продолжува под рекламата
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (28,1 проценти), Административни и помошни услужни дејности (21,7 проценти) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (17,8 проценти).
Содржината продолжува под рекламата
Зголемување во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (14,7 проценти), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (13,2 проценти) и Административни и помошни услужни дејности (12,5 проценти).
Просечната бруто-плата изнесува 54 177 денари.
Можеби ќе ве интересира: