Протест на лозари во Неготино

protest-lozari-negotino

Незадоволни лозари денеска излегоа на протест во Неготино. На протестот беше кажано дека револтот е поради ниските откупни цени на грозјето и игнорантскиот однос на винарии, кои со понудените цени  ги демотивираат  лозарите.

Zito akcija 640x289px

„Ние лозарите бараме само да ни се вреднува вложениот труд и да знаеме предвремено дали да вложуваме во лозарството или да го напуштиме. Ако останат ланските цени, се гледа крајот на лозарството во нашиот крај“ рекоа лозарите на протестот.

Содржината продолжива под рекламата

Agria

Протестот доаѓа откако винариите ги  објавија откупните цени на грозјето за берба 2021. Според истакнатите цени, смедеревката ќе се откупува за 11 денари а вранецот за 13 денари за килограм.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: