На Светскиот ден на здравјето – 7 април, Здружението на приватни лекари најавија мирен протест пред Министерството за здравство од каде ќе ги изнесат нивните барања.
„Управниот одбор на ЗПЛРМ донесе одлука да на 7 април да има протести на здравствени работници пред Министерство за здравство во Скопје во 12 часот“, е наведено на страницата на Здружението на приватни лекари.
Содржината продолжува под рекламата
Меѓу другото, тие бараат капитационен бод од 90 денари, промена на режимот на лекови и важење на препораките за хронична терапија, да се промени казнената политика, електронско здравство, како и да се променат буџетите за специјалисти и лаборатории.
Можеби ќе ве интересира: