Протест на работниците во Еуро-никел

Protest FENI

Газдите да го одврзат ќесето, порачаа вработените од кавадаречки Еуро Никел на денешниот протсет пред фабриката. Тие веќе трет ден, пред капијата протестираат по еден час. Велат дека платите им стануваат неиздржливо мали, работниците си бегаат, а газдите не ги интересирало за нивните барања. Се жалат дека од минатиот месец менаџментот веќе немал ниту критериуми за тоа како дели плата.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Овие работници бараат исплата на заостанатата рата од ланскиот К-15, а годинешниот да изнесува 500 евра и да се исплати еднократно, вредноста на бодот на плата да се зголеми за осум денари, минималната сума за бонус да биде за произведени 1300 тони никел. Ако се произведе повеќе, соодветно да се плати, велат тие.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Работниците се жалат дека и по три дена раководстово на Еуро Никел е глуво на нивните барања. Тие денеска поддршка добија и од Сојузот на синдикати на Македонија.

Од Еуро Никел денеска велат дека немаат став за барањата на работниците. Тие, пак, до петок мирно ќе протестираат. Ако нема решение, од понеделник ќе решаваат што понатаму. Велат дека не стравуваат од сценарио како пред неколку години, кога поранешното ФЕНИ отиде во стечај, за подоцна да го купи компанијата Џи Сол, регистрирана на Бахамите, која преку својата македонска фирма Еуро Никел и денеска стопанисува со еден од најголемите металургиски капацитети во земјава.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: