Прва аукција за граѓанската обврзница

pari, denari
pari, denari

Првата аукција за граѓанската обврзница во вкупен износ од околу 600 милиони денари ќе се одржи денеска. Граѓаните во изминатиот период имаа можност да запишат обврзница со минимален износ од 10.000 денари.

Zito akcija 640x289px

Граѓанската обврзница, како нов финансиски инструмент се нуди со поволни услови – камата од 5% и рок на доспевање 2 години.

Agria

Министерот за финансии Фатмир Бесими во неодамнешното интервју за МИА појасни дека се работи за  транспарентна, едноставна и поволна безризична финансиска инвестиција која нуди низа поволности за граѓаните.

„Граѓаните што ќе се одлучат да вложат во оваа обврзница, имаат неколку бенефиции. Прво, ова е безризична инвестиција. Второ, граѓаните ќе добијат околу 5% камата во однос на влогот. Една обврзница што ќе се издава на аукција е 10.000 денари и доколку некој се реши да инвестира околу 100.000 денари на 20 јули следната година ќе има 5.000 денари принос од камата. Наредната година уште 5.000 денари што значи вкупно 10.000 денари камата за 100.000 денари“, рече Бесими.

И тој преку објава на „Фејсбук“ минатата недела соопшти дека поднел барање за купување на една граѓанска обврзница.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: