Прва победа за фудбалерките во квалификациите за СП, Шемсовиќ ги одигра сите 90 минути

elma-semsovik-zfk-borec

Женската А репрезентација на Македонија ја забележа првата победа од квалификациите за пласман на Европско првенство 2023 година. Македонија славеше со убедливи 4:1 над аутсајдерот во групата, селекцијата на Летонија.

Zito akcija 640x289px

Дел од репрезентацијата се и две фудбалерки на Борец, Елма Шемсовиќ и Теодора Ѓорѓиевска. Шемсовиќ беше во почетниот состав и го одигра целиот натпревар, додека Ѓоргиевска  го следеше натпреварот од клупата за резервни играчи.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Македонија со оваа победа сега дојде на четвртото место во квалификациската група со три бода од три меча, откако во претходните два загуби убедливо без даден гол и со 14 примени погодоци. Англија нѐ победи со 8-0, а потоа Австрија во Скопје славеше со 6-0. Следен меч на женската селекција е за пет дена против Луксембург на домашен терен од 13.30 часот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: