Во недела ќе се вози првата трка од државниот Ендуро шампионат за 2024 година, во организација на Мото клубот Мото Велес, а со поддршка од Мотоциклистичката федерација на Македонија и Општина Велес.
Текстот продолжува под рекламата
Предвидени се трки во четири класи кои ќе се бодуваат за домашниот ендуро шампионат: E1, E2, E3 и Е јуниор.
Текстот продолжува под рекламата
Годинешниот шампионат во оваа возбудлива мото дисциплина ќе се одржи на веќе познатата локација на велешкото езеро „Младост“. Најавени се гости од неколку земји.
Ендуро спортот како еден од екстремните спортови станува се попопуларен за сите вљубеници на возењето на “две тркала”. Во последно време Велес како град станува значајна ендуро дестинација , од причина што и околината на езерото Младост нуди одлични услови за развој на мото спортот.
Можеби ќе ве интересира: