Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

Првата футсал лига привремено во прекин поради недостаток на финансиска поддршка

Ososgovo Kriva Palanka Kegi Mobi

Продолжението на Првата македонска футсал лига е во прекин. Ова го најавија клубовите поради неизнајденото решение за проблемите со кои се соочуваат клубовите во последниот период. Главната причина за оваа одлука е отсуството на финансиска помош од Министерството за спорт, што значително ги оптоварува клубовите.

Zito akcija 640x289px

Во соопштението до јавноста, клубовите побараа итна исплата на финансиската помош за 2024 година и изразија загриженост за иднината на футсалот во земјата. Тие нагласија дека е неопходно да се обезбедат гаранции дека футсал клубовите ќе бидат рамноправно вклучени во секоја идна финансиска поддршка, без разлика на форматот на истата.

Agria

Решение може да се изнајде по состанокот со Министерот за спорт, Борко Ристовски кој ќе се оджи во петок.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: