Во просториите на велешкиот Општински фудбалски сојуз, вчера беше извршено ждребање за новата фудбалска сезона која ќе стартува викендот на 5 и 6 октомври.
Содржината продолжува под рекламата
Во новата натпреварувачка сезона ќе се натпреваруваат 10 екипи, а новина е тоа што за разлика од лани ги нема екипите на Илинден од Башино село, Богомила и Мартолци. Нови екипи се Врановци, Бузалково, како и екипата која лани се натпреваруваше во Третата лига – Југ, Локомотива од Градско.
Содржината продолжува под рекламата
Во првото коло се среќаваат: Врановци – Младост, Чашка – Бузалково, Тополка – Бабуна, Форца Нова – Локомотива Градско, Согле – Горски.
Можеби ќе ве интересира: