Пуштен во употреба експресниот пат Дреново – Фариш

Drenovo - faris ekspresen pati

Денес го пуштаме во употреба експресниот пат Фариш- Дреново, во должина од 10,2 километри, со вредност од речиси 45 милиони евра- проект што е директна инвестиција во развојот, безбедноста и иднината на овој регион, на државата, на секој граѓанин, изјави премиерот, Христијан Мицкоски.

Тој додаде дека овој пат е од витално значење и за Кавадарци, и за Прилеп, и за Битола, и за Ресен, и за сите општини од Пелагонија.

„Овие пари, како во минатото, по принципот како до сега, не завршија во нечии џебови, не исчезнаа во провизии, тендери и фиктивни договори. Туку се тука, пред вас. Во асфалтот. Во оваа делница. Во реални, опипливи дела. Дојде време кога државата не е банкомат за моќници, туку мотор на развојот. Дојде време кога проектите не се рекламираат на хартија, туку се градат на терен. Дојде време кога парите од граѓаните- се враќаат назад кај граѓаните, преку проекти, патишта, училишта, фабрики“, рече Мицкоски.

Agria

Додаде дека патот Фариш- Дреново, не е само обичен пат туку тој е и порака.

„Порака дека можеме поинаку. Порака дека ако се сака- се може. И доказ дека Македонија нема да биде вечно во застој ако што беше изминатите седум години, туку цврсто граби на патот кон напредокот. Граѓаните имаат очекувања. И ние тие очекувања нема да ги изневериме“, рече Мицкоски.

И  СДСМ се пофали дека патот низ Фаришката клисура, делницата на експресниот пат од Дреново до Градско, што е завршен сега 90 отсто е дело на нивната влада, а не на актуелната иако, како што велат, се кити со туѓи перја.

 

„Задоволството е поголемо заради огромното значење за граѓаните кој овој пат го има не само за Прилеп и прилепчани, туку и за граѓаните на Битола, Ресен и од целиот Пелагониски регион. Горди сме затоа што СДСМ во својот мандат заврши над 90% од работите овој проект“, велат од партијата.

Завршени беа 2 тунели со вредност од околу 6 милиони евра кои беа најсложени за изградба.-Асфалтирани беа над 95% од вкупната должнина на патот.Изградени беа сите клучни конструктивни елементи: 21 мост, 11 потпорни ѕидови, 15 пропусти, еден вијадукт, една галерија.

Проектот долг 10,2 километри, со вредност над 33 милиони евра, најтешкиот и најкомплексен дел од трасата во Фаришката клисура го заврши Владата на СДСМ. Што направи ВМРО-ДПМНЕ? За цела една година  заврши мал дел,  санираше само едно свлечиште,  постави бетон од 10 метри, заврши дел од сигнализацијата и дел од оградите. И она најважното за нив,  се китат со туѓи перја, се сликаат пред камерите и  го претставуваат овој проект како свој.Но, сепак добра вест за граѓаните е дека кончено патот е завршен. Дека граѓаните од целиот пелагониски регион добиваат пат значаен за економијата, транспортот и безбедноста, рече Талески.

 

Тој потсети дека СДСМ многу инвестирала во различни проекти, особено во патната инфраструктура. Експресниот пат Градско –Дреново е исто така проект на СДСМ, обновата на патната делница кај Плетвар, патот од Прилеп кон езерото, почетокот на реализацијата на стратешкиот проект за автопат Прилеп-Битола како дел од Коридорот 10д и така натаму.

 

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: