Наградата „Рациново признание“ за најдобро прозно остварување годинава му се доделува на авторот Александар Русјаков за романот „Хотел меѓу две војни“. Комисијата во состав Јасминка Делова-Силјанова (претседател) и членовите Снежана Петрова-Џамбазова и Маја Апостолска, едногласно одлучи од доставени 22 книги на конкурсот, наградата да се додели за ова прозно остварување кое плени со својата оригиналност и нестереотипен раскажувачки дискурс.
„Хотел меѓу две војни“ е роман чиј наратив не може да се ограничи само на една жанровска определба. Со својата жанровска флуктуација оваа прозна објава може да се толкува под терминот експериментален хибрид од љубовен, псевдоисториски и фантастичен роман во кој главните протагонисти се најпрепознатливите балкански Ромео и Јулија – Мустафа Кемал Ататурк и Елени Каринте, во главниот дел од приказната и Елени Каринте и Никифор Гермијан, во паралелниот дел од споредната приказна.
Содржината продолжува под рекламата
Почесното Рациново признание годинава му припадна на проф. д-р Жарко Бошњаковиќ од Нови Сад, истакнат српски лингвист и редовен професор на Филозовскиот факултет во Нови Сад. Рациновото признание ќе биде врачено вечер на официјалното отворање на 59. Рацинови средби во театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“.
Можеби ќе ве интересаира: