Поранешниот музичар и фронтмен „Нови фосили“, хрватот Рајко Дујмиќ, во сообраќајна незгода добил тешки повреди на главата во кога слетал од патот и испаднал од автомобилот, потврдила полицијата на Ријека.
Дујмиќ според последните информации, моментално се наоѓа во болницата на Сушак, на одделението за интензивна нега и е во стабилна состојба, велат хрватските медиуми.
„Сопругата го видела Дујмиќ во болницата, имал тешки повреди на главата, тоа е сè што знам“, рекол извор за хрватските медиуми.
Сопруга на Дујмиќ Снежана се огласи и на социјалните мрежи.
-Ве молам, молете се да се разбуди од кома“, објавила Снежана на нејзиниот фејсбук-профил.
Можеби ќе ве интересира: